Српски расколник ги поврзува Македонците со ѓаволот (ВИДЕО)

Расчинетиот српски архимандрит д-р Никодим Богосављевиќ вели дека македонската нација не постои и е создадена од ѓаволот, објави порталот religija.mk.

Во своето видео-обраќање од изминатата недела тој целосно ја негира самобитноста на македонскиот народ и тврди дека Македонците се Срби или Бугари.

Овој поранешен монах од Ваљевската епархија е духовно чедо на покојниот митрополит Амфилохије и долги години служел и во Црна Гора, пренесува Инфомакс.

Повеќе