Српски историчар: Ако Македонците се Грци, имаат право на античката историја, ако се Словени – не

Момчило Павловиќ, директор на Институт за современа историја од Белград, за „Вечерње новости“ ја коментира изјавата на Зоран Заев дека „Македонците се обидоа да присвојат светска, балканска и туѓа историја, не грижејќи се како тоа влијае на соседите“.

„Ако Македонците се Хелени, односно Грци, тогаш тие имаат право на античката историја, посебно на историјата на хеленизмот. Ако, пак, се Словени кои го зазеле просторот на некогашна античка Македонија, тогаш денешна Република Северна Македонија и Македонците не можат да се идентификуваат со античкото наследство, освен што трагови на античкото минато постојат на територијата на оваа држава“, изјави Павловиќ за српскиот весник.