Снежана Станојковиќ, обвинителка на Србија за воени злосторства, не очекувала дека македонскиот суд ќе одбие да им го екстрадира припадникот на Ослободителната војска на Косово, Тимор Морина.
Во интервју за српскиот весник „Блиц“ таа потсети дека Морина, како дел од воената полиција на ОВК бил член на групата „Ципат“, како и дека Србија распиша потерница по него поради основано сомнение оти со уште десетмина припадници на неговата група на територијата на општина Ѓаковица вршел убиства на цивилното население, им нанесувал телесни повреди, ги измачувал, постапувал нечовечки и ограбувал имот, со што го извршил кривичното дело воено злосторство против цивилното население.
„Сметам дека лицата како Тимор Морина, припадник на ОВК, комуѕ на товар му се ставаат тешки прекршувања на меѓународното хуманитарно право, не смеат да останат непроцесуирани. Со ваквите постапки не се доаѓа до задоволување на правдата за жртвите“, изјави Станојковиќ.