Стабилноста на државите, развојот и нивната независност многу зависи и од способноста за одржување на стабилна енергетска ситуација. Србија им држи лекции на нашите како тоа се прави, пишува во својата најнова колумна за Плусинфо Никола Тасев осврнувајќи се на начинот на кој што власта се справува со неминовното зголемување на цените и рестрикциите на струја.

“Ама наместо да се најде или создаде енергија, оние кои се најодговорни за тоа се занимаваат со тоа што Македонија пак ја дрма политичка криза. Во Европа каде што исто така има енергетска криза се купува гас, се прават централи, а кај нас се купуваат и (само)киднапираат пратеници, се состанува ново мнозинство, се чека најавената оставка на премиерот до Собранието… Со енергетската криза, Владата нема време да се занимава. Не е ништо страшно, смируваат министрите, ќе има струја доволно за сите. Ќе има, тоа е јасно, но по која цена?”, пишува Тасев во колумната која целосно може да ја прочитате овде.

Предходно северниот сосед Србија постигна договор за набавка на најефтин енергенси од Русија.