Среќна нова година: Зад нас останува тешката 2022, влегуваме во неизвесната 2023

Зад нас остануваат тешки и долги 365 дена кои ќе ги паметиме по убавите работи но нема да ги заборавиме ниту лошите.

Пред нас се исто толку денови кои од оваа позиција се целосно непредвидливи.

Редакцијата на expres.mk во изминатава година успеа да го оствари својот план, да стане еден од водечките македонски медиуми на кои нашите читатели можат целосно да се потпрат.

Се бориме сами без поддршка од политички партии, бизнис корпорации, странски фондови и интересни групи.

Ви благодариме пред се за вашата доверба и верба дека ние сме извор кој ја пренесува вистината.

Им благодариме на сите фирми што се рекламираат на expres.mk во тешката економска и политичка ситуација.

Благодарност до стотиците луѓе кои постојано не информираат за разни проблеми, настани и убави работи, им благодариме и на тие што живеат со expres.mk и знаат дека секој лајк и споделување е помош за екипата која работи само за читателите.

Бидете живи и здрави
Среќна нова година
Екипа expres.mk