Одличен наслов на текст во Скопско Ехо кој го промовира Никола Тасев кој упатува на можноста хаосот во образованието да се ,,решава” со нови финти на вицепремиерот Артан Груби кој е одговорен за политички систем а од образование има само дипломи.

“Ќе смислат ли најнова реформа на реформата што го реформираше недореформираното образование? “
Топ тема – топ наслов!
Среќа што имаме нова Комисија за образовни реформи предводена од Артан Груби, инаку ќе останевме недореформирани!”, прашува Тасев иронично иако за многумина ова сценарио за образованието може да биде и реална опција на владата која тотално го загуби компасот во овој ресор.