Од Сојузот на средношколци во Северна Македонија денеска порачаа дека средношколците ќе почнат со онлајн настава, но само до моментот кога ќе се подобри епидемиолошката слика.
„Ќе почнеме онјалн, но ако се подобри состојбата, сакаме комбинирана настава. Доколку тоа не се случи во ноември, ние ќе ја бојкотираме наставата. Ова не треба да се сфати како компромис со Владата, туку јасно барање на средношколците“, истакна Бленди Ходаи од Сојузот, пренесе Фокус.