Без изјави за медиумите, со куртоазен поздрав и насмевка место одговор на прашањето – Дали Бугарија ќе се откаже од утврдувањето на етничкиот идентитет на Гоце Делчев ? Вака започна дводневната посета на бугарскиот тим историчари, кои денеска и утре во рамки на Комисијата за историски прашања, ќе ги отворат старите теми и Гоце Делчев – кој изминатите месеци беше камен на сопнување меѓу двата тима. Бугарија бара и инсистира да се утврди етничкиот идентитет на Делчев, Македонија пак останува на ставот дека тоа не е работа на Комисијата, туку нивна работа е само да се утврди значењето за двете земји.
Ова е 20ти состанок на македонско-бугарската мешовита историска комисија, а од денеска на македонскиот тим историчари им се придружи и нов член. Како што телевизија 24 вчера објави, а МНР потврди – столчето на Ванчо Ѓоргиев, историчарот кој демонстрастивно ја напушти Комисијата, го пополни Димитар Љоровски. Според достапната биографија на Љоровски, специјалност му е – историјата на Балканот во доцноосманлискиот период и Македонското револуционерно националноослободително движење, токму темите за кои се разговара денеска и утре.
Во МНР историчарите на маса ќе ги стават учебниците од 7мо одделение и Делчев, но останува прашање – за што и дали ќе се постигне договор.
Ова е прва средба по потпишувањето на Протокоот со Бугарија за спроведување на досговорот за добрососедство. Пред еден месец Историската комисија ги објави и препораките усогласени уште во 2019 година за заедничко чествување на пет историски личности – браќата Кирил и Методиј, Климент и Наум и Цар Самоил. Обајвени беа и препораки за учебниците по историја во 5ти клас во Бугарија и 6 то одделение во Макеоднија. Јавноста се крена дека истите се пораз за Македонија, а тимот на Драги Ѓоргиев се бранеше дека не се врши бугаризација.