Грчките претприемници може да играат клучна улога во економскиот раст на Северна Македонија, изјави премиерот Алексис Ципрас денеска во Солун.
„Грчкто претприемништвото има потенцијал да игра доминантна улога во економскиот раст на Северна Македонија, по значајниот и позитивен моментум создаден од Договорот од Преспа“, рекол грчкиот премиер на состанокот во хотелот Македонија Палас со најистакнатите претприемачи во северна Грција.
Средбата се одржа во контекст за неговата претстојната посета на соседната земја, пренесува АНА-МПА.
За време на неговата посета, на која ќе биде придружуван од министри и 70-тина бизнисмени, ќе бидат потпишани серија билатерални договори во многу сектори.
Осврнувајќи се на реакции на Договорот за Преспа, Ципрас рече дека тој ја презел одговорноста „за решавање на овој Гордиев јазол“ по триесет години ќор-сокак и ја истакна потребата сите страни во Грција да застанат зад националниот интерес.