“Србоман од зад грб убил Бугарин татко на три деца” – Бугарска верзија за 11 Октомври (ФОТО)

Неверојатна верзија на близок соработник на бугарскиот премиер Бојко Борисов за настаните од 11 Октомври 1941 година кога во Прилеп од страна на одредот Гоце Делчев бил нападнат бугарскиот участок.

“Еден србоман убива од зад грб еден Бугарин татко на три деца и роднина на Даме Груев. Тоа го нарекуваат “народно востание” и го честитаат секоја година. Лагата и антибугарска идеологија немаат место во ЕУ”, пишува Андреј Ковачев еден од највлијателните членови на владеачката партија ГЕРБ на Бојко Борисов само два дена откако македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи во Софија се сретна со бугарскиот државен врв.


Ковачев е потпретседател на Европската народна партија во Европарламентот.

Ако сме нормална држава за ова мора да има: Протестна нота од МНР до бугарската амбасада, демарш од Заев до Борисов и нота од ВМРО-ДПМНЕ до Европската народна партија

“Србоман од зад грб убил Бугарин татко на три деца” – Бугарска верзија за 11 Октомври (ФОТО)