„Ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи предвид дека интерес на секоја држава е што повеќе туристи да има внатре дома, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
„Затоа ќе продолжиме да ги спроведуваме мерките за поттикнување на странските туристи да престојуваат во земјава, но истовремено да ги поттикнеме нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации. Како што веќе кажа и министерот за здравство, секако ќе разговараме да ги прифатат нашите пасоши ако треба такви пасоши да бидат доставени до грчката страна“, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција.
Денеска во Белград грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, кажа дека Грција ја отвора туристичката сезона на 14 мај за српските туристи и дека ќе ги признава сите вакцини, вклучително и руската и кинеските.
