Србија: Вулин отпаѓа од влада, Дачиќ вицепремиер и министер за надворешни

Досегашниот министер за внатрешни работи во Владата на Србија, Александар Вулин, нема да биде дел од тимот на старо-новата премиерка Ана Брнабиќ.

Вулин: На Србија не ѝ е местото во ЕУ, пријателството со Русија е важно

Ова се гледа од списокот на нови министри на српската влада, кој го објави Александар Вучиќ, на седницата на Централниот комитет на Српската напредна партија.

Според одлуките, во идната српска влада Ивица Дачиќ ќе биде министер за надворешни работи и шеф на Бирото за координација на безбедносните служби. Тој ќе биде и прв вицепремиер. СПС ќе има 5 министерски места.

Милош Вучевиќ, министер за одбрана

Синиша Мали, министер за финансии

Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија

Раде Баста, министер за економија

Јелена Танасковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Ирена Вујовиќ, министерка за заштита на животната средина

Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура

Дубравка Негре, министер за рударство и енергетика

Маја Поповиќ, министерка за правда

Александар Мартиновиќ, министер за администрација и локална самоуправа

Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог, инаку од редовите на Демократскиот сојуз на Хрватите од Војводина

Братислав Гашиќ, МВР

Тања Мишчевиќ, министерка за евроинтеграции

Бранко Ружиќ, министер за образование

Јелена Беговиќ, министер за наука

Даница Грујичиќ, министерка за здравство

Никола Селаковиќ, министер за труд, ветерани и социјални работи

Дарија Кисиќ, министерка за семејна грижа

Хусеин Мемиќ, министер за туризам

Зоран Гајиќ, министер за спорт

Маја Гојковиќ, министерка за култура

Милан Кркобабиќ, министер за грижа на селото.