Србија во ЕУ откако ќе влезе во НАТО

„По изјавата на Ивица Дачиќ, Бугарија ќе мора да покаже посилна позиција во врска со пристапот на Србија во Европската унија“, вели поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија Александар Јорданов.

„Време е да му се каже на Белград дека европската интеграција на Србија ќе започне откако оваа земја ќе аплицира за членство во НАТО.

Проширувањето на Европската унија во Западен Балкан е процес кој може да се гарантира само ако земјите ја гарантираат нивната безбедност …изјавил Јорданов како што пренесуваат белградски медиуми.

„Тоа е, Србија треба да се прости со својата идеја дека еден ден ќе стане членка на Европската унија ако не стане членка на НАТО“ вели Јорданов според кој во „Брисел отворено се зборува за тоа”.