„Србија веќе плаќа висока цена што не воведува санкции против Русија и тоа станува неодржливо“, најави српскиот министер за економија Раде Баста според кој постои можност Србија да воведе санкции кон Русија.
Ова е прва отворена изјава за санкции на владин функционер по инвазијата на Украина и отстапување од официјалниот став на Белград.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова преку Телеграм реагираше на изјавата:
За разлика од САД, Русија отсекогаш ги почитувала Србија и нејзиниот народ, рече Захарова.
„Очигледно е дека со воведувањето санкции против Русија, притисокот на САД врз Србија нема да исчезне, туку само ќе се зголеми“, напиша Захарова,пренесе Индекс.хр.
