Заштедивме повеќе од 300 милиони евра, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ по денешниот состанок со Владимир Путин, на кој било договорено Србија во наредните шест месеци да продолжи да добива руски гас по непроменета цена од само 270 долари за 1000 кубни метри.

„Благодарение на договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, добивме цена од 270 долари за илјада кубни метри гас во следните шест месеци“, напиша министерот за финасии Синиша Мали на социјалните мрежи.


„Тоа сигурно ќе биде најниската цена на гасот во Европа во тој период, односно во текот на претстојната зима“, истакна Мали.