Србија ја подигна борбената готовност: Никогаш не се знае…

„Претседателот на Републиката (Александар Вучиќ) како врховен командант издаде наредба до Армијата на Србија да го подигне нивото на борбена готовност на ниво каде што може да одговори на секоја задача. Србија е сериозна земја, таа ја презема одговорноста за сите можни проблеми“, соопшти Милан Вучевиќ во гостување на ТВ Хепи.

„Не би рекол дека ова е решено, со Курти не можеш да бидеш на чисто затоа што никогаш не се знае.

Курти не попушта, САД бнараат да се продолжи рокот за замена на табличките издадени во Србија

Утрово му го упатија првото предупредување на еден Србин за регистарските таблички. Не ми се верува дека Квинта нема никакво влијание за Албин Курти и администрацијата. Се чини дека не сакаат никаква ескалација, да оди во форма на дијалог, не можеме да бидеме опуштени, но сакаме дијалог. Армијата на Србија е подготвена да ја изврши секоја задача од врховниот командант.

„Кога Србија зборува за мир и стабилност, тоа не значи дека сме слаби, дека можат да не малтретираат и понижуваат. Она што народот треба да го знае е дека српската армија е многукратно посилна отколку што беше, заслужува почит и дејствува во во согласност со врвот на државата“ рече Милан Вучевиќ. (Б92).