Еден ден по признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охрдиска архиепископија (МПЦ-ОА) од Српската православна црква (СПЦ), српскиот претседател Александар Вучиќ ги оцени како „извонредни“ односите со Македонија.

„Србија е убедливо најпопуларната земја во Северна Македонија, а кој друг би бил? Луѓето треба да знаат дека на Македонците најблиски им се Србите и обратно, така што немаме никакви проблеми“, изјави Вучиќ во интервју за Радиотелевизија на Србија од Економскиот форум во Давос.