Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ) ѝ предложила на владата еден од условите за пристапување на Србија во ЕУ да биде признавањето на хрватскиот јазик и да побара официјален Белград „јавно и недвосмислено да го признае хрватскиот јазик како посебен и независен стандарден јазик и еден од официјалните јазици на ЕУ “, објави Хина.
Изјавата за тоа била донесена од Одборот за хрватски стандарден јазик на Хрватската академија на науките и уметностите, беше прифатена од раководството на Академијата и сега е официјален став на Хрватската академија на науките и уметностите, кој му беше доставен на премиерот Андреј Пленковиќ.
Според соопштението на Хрватската академија на науките и уметностите „српските културни и јавни тела, како и институции финансирани од нејзиниот буџет, често го негираат постоењето на хрватскиот јазик и неговата историја и хрватско книжевно наследство.
Одлуката, , како што пренесува Б92 била донесена поради фактот што во образовната програма во српските училишта, наводно, хрватскиот јазик „лажно е претставен како српски јазик, кој се нарекува само со хрватско име“.