Причина за тоа е цената на метар квадратен која во Албанија е пет пати пониска од сличните недвижности во Србија.

Цената на метар квадратен почнува од 330 евра па нагоре, дури и на приморје, почнувајќи од Драч, Валона преку Саранда до најјужната точка – Ксамил, пренесува б92

Александар Сеничиќ, директор на српската асоцијација на туристички агенции (Јута), за Курир вели дека оваа земја стана хит во последните години токму поради ниските цени.
Србите во Грција купуваат недвижнини 10 години, но од неодамна се препозна туристичкиот потенцијал на Албанија.

Понудата таму е многу шарена и за сечиј џеб. Во новоизградена зграда во Голем кај Драч, на само пет минути од плажа, апартмани со поглед на море се продаваат од 430 евра квадрат.

Во Саранда, која е позната како туристичка дестинација, апартмани може да се најдат за 330 евра за метар квадратен. Така, стан од 50 квадрати, кој може да се најде на интернет огласите, чини 16.500 евра.

За оние кои би сакале да купат поголем стан, еден од 70 квадрати може да се купи за 30.000 евра, што е 429 евра за метар квадратен.

Исто така, за малку пари може да се купи недвижен имот во Валона, приморски албански град, на местото каде Јадранското Море се спојува со Јонското Море. Стан од 72 квадрати во огласите се продава за 25.000 евра, што е 347 евра за метар квадратен.

Main city promenade and pablich beach in Saranda, Albania.