Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит реагира за реакциите на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот за надворешни работи Бујар Османи за отворањето на клубот на Бугарите „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој ја бранува македонската јавност.
„’Вонредно обраќање’ по три и пол дена од посетата на администраторите. Windows 95-ка побрзо ќе одреагираше.
Нормално, ништо не кажа. Колку да видиме дека му поминал гастритот.
Фанфект – Таче вели: ‘За жал, со последната посета се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го говорот на омраза и недовербата’.
Бујар вели: ‘Знаевме дека ќе предизвика контроверзи посетата’.
Ако сте знаеле што ќе се случи, но не сте одреагирале претходно кај браќата ви, или сте биле на варијанта ‘ако проџе-проџе’, или сте поголеми безрбетници и од претходникот со раката на срце.
Срам и арам, во секој случај“, коментира на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.