Спремаат посета на Зеленски на ОН, стравуваат за неговиот живот

Се прават дипломатски напори украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, што ќе биде негова прва посета во странство од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Подготвени сме за посета на секој функционер, вклучително и на претседателот“, изјави портпаролот на украинската мисија во ОН, Анатолиј Сленко.


Зеленски е на списокот говорници на најголемиот годишен состанок на ОН во средината на септември, но Сленко истакна дека тоа сепак може да се промени. Дали посетата ќе се одржи се уште е нејасно, додаде тој.

Извори од Советот за безбедност на ОН потврдија дека украинската мисија ја подготвува посетата на Зеленски на годишниот собир на претседатели на држави и влади.

Дипломатите предупредуваат дека секое патување на украинскиот претседател претставува голем ризик за неговиот живот.