Радикализиран 16-годишен ученик од Пловдив бил уапсен во заедничка операција на бугарската полиција и обвинителството под обвинен ие дека имал намера да изврши терористички напад.
При претрес кај него биле пронајдени компоненти на несклопена екслозивн а направа.
Ова е првпат да биде спречен терористички напад во Бугарија, а цел на џихадистот бил градот Пловдив.
Лицето, чиј идентитет не се открива е Бугарин, а извори на полицијата за медиумите информираат дека во тек е истрага да се откријат мотивите и која била потенцијалната цел на напад на младиот човек кој подлегнал на исламистички радикализам, пренесува БГНЕС.