Спречен терористички напад на Берлинскиот полумаратон

Германската полиција  потврди дека уапсила шестмина осомничени за можен терористички напад врз вчерашниот Берлинскиот маратон.

Тие биле набљудувани подолго време, и затоа немало особена закана, објави весникот Велт.

Според соопштението на полицијата, еден од уапсените бил близок пријател на Анис Ами, Тунижанецот кој изврши терористичкиот напад на божиќниот базар во Берлин на 19 декември 2016 година.

Уапсениот планирал да нападне атлетичари и гледачи со нож. Покрај тоа, во подрумот од стaнот што го изнајмил биле пронајдени траги од експлозив.

На вчерашниот полумаратон имало околу  32.000 учесници.