Царинските служби на солунското пристаниште откриле контејнер од Кина со 629.000 кутии, односно 12.596.000 парчиња шверцувани цигари, соопштуваат од Независна служба за јавни приходи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Сомнителниот контејнер со шверцуваните цигари, според грчката телевизија „Антена“ требало да стигне во Македонија, а надлежните власти се сомневаат дека фирмата наведена во документите воопшто и не постои.
Во документите наместо цигари, било пријавено, дека контејнерот што од Кина пристигнал во Солун, содржи ткаенини.