Во голема полициска акција припадници на МВР запленија 100 килограми марихуана.
МИА дознава дека освен заплената дрога, во акцијата има и преведени лица.
Акцијата била спроведена на влезот во Скопје од правец на Тетово.
Ова е втора голема заплена на марихуана во период од два дена, откако МВР и во текот на вчерашниот ден заплени околу 100 килограми марихуана.
