Спречен напад со дронови врз Москва

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин јави за нов обид непријателски беспилотни летала да го нападнат главниот град на Русија.

Сите беспилотни летала се соборени од силите на Министерството за одбрана. Немаше штети или повредени.

Во последните месеци, неколку пати беспилотни летала стигнаа до различни области на руската престолнина, па дури и до Кремљ. Руските власти веднаш го обвинија Киев за овие напади, иако украинската армија и служби официјално не презедоа одговорност за овие напади.

Не е познато од каде дошол вечерашниот напад, ниту пак областа каде е соборен дронот.

И Министерството за одбрана го потврди нападот со дрон во московскиот регион. „Утринава беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотни летала врз објекти на територијата на московскиот регион. Дронот е уништен со средства на противвоздушната одбрана. Нема оштетувања и нема повреди“.