Македонските власти се пофалија дека не добиле солидарна помош од ЕУ затоа што добро менаџирале со првиот бран на Ковид-19.

Но ваквата изјава на СЕП предводен од Никола Димитров индиректно упатува дека 17 членки на ЕУ кои добија помош и трите регионални кандидатки за разлика од Македонија лошо менаџирале со кризата.

Со предлогот на Европската комисија се опфатени 17 земји членки и 3 земји кандидати, односно Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија и Шпанија, плус Албанија, Црна Гора и Србија.

Од земјите кандидати Србија треба да добие речиси 12 милиони евра, Црна Гора скоро 200 илјади евра, а Албанија 900 илјади евра.

Македонија нема да добие ниту евро од Европската унија за справување со короната. Помош од 530 милиони евра ќе добијат речиси сите земји членки на ЕУ и кандидати но не и нашата земја.

Знамето на Македонија го нема меѓу земјите што ги наведе шефицата на Европската комисија Урсула Дер Лајен.

Комисијата предлага 530 милиони евра Знаме на Европската унија Финансиска поддршка во рамките на Фондот за солидарностза итни мерки поврзани со здравјето во борбата против Квид во 17 земји-членки + 3 кандидати.

Како Димитров објасни зошто Македонија не доби помош од ЕУ

Влада: Не добивме помош од ЕУ затоа што менаџиравме квалитетно