Според Симовски досега е попишана една третина од населението

Директорот на Државниот завод за статистика синоќа соопшти дека заклучно со вчерашниот ден биле попишани 600.000 илјди луѓашто, според него е една третина од населението на Македонија.

Пописот, според него, може да покаже 1.800.000 граѓани

„Пописот, може да покаже дека во Македонија има 1,5 милиони жители но не би сакал да шпекулирам и очекувам дека ќе биде помал податокот од оној кој го имавме во 2002 година.

Да почекаме, имаме уште малку време да го завршиме пописот и да завршиме со обработката на податоци и да излеземе со официјални резултати. Има некој индиции дека може да биде 1.8 или 1.9, но да не избрзуваме со прогнози“, рече Апостол Симовски во гостување на ТВ 24.

Тој уште информираше дека, како што рече, веб страницата на ДЗС е под постојан напад на хакери и оти имало два обиди за хакерски упади на системот за попишување, кои успешно биле одбиени.