Според СДСМ протестот на ВМРО-ДПМНЕ пропаднал (ФОТО)

Според СДСМ ,,Помпезно најавуваниот протест на ВМРО-ДПМНЕ издиша, граѓаните можеа да видат слаба посетеност и слаба организација”.

Наместо масовен протест како што најавуваше ВМРО-ДПМНЕ денеска пред владата дојдоа соработниците на Мицкоски и партиски вработените кадри во општините раководени од градоначлници на ВМРО-ДПМНЕ, смета партијата на власт.

,,Граѓаните во градовите во внатрешноста сведочат на откажани автобуси и комбиња за организиран превоз за што доказ се бројните видеа и фотографии објавени во медиумите и по социјалните мрежи.

Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоси знае само да брани криминал и да носи штета на државата, затоа денеска како и многу пати претходно ја нема поддршката на граѓаните.

Граѓаните на Скопје, но и ширум државата, не го поддржаа Христијан Мицкоски и тоа е факт со којшто ќе мора да се соочи”, стои во соопштението на СДСМ која објавува фотографии од пред почеток на протестот на опозицијата.