Според нова анкета СДСМ има минус од 54 илјади гласа

Последната анкета на Институтот за политички истражувања нарачана од емисијата Детектор на Сител владеачката партија има 3 проценти помал рејтинг од опозицијата.

Според анкетатат ако утре има избори ВМРО-ДПМНЕ би добила 21,1 % од гласовите а СДСМ 18,1 проценти.

Во Албанскиот блок во водство е ДУИ со 4,5 проценти од гласовите пред Алијанса на Албанците со 2,8 % односно за околу 21 илјади гласови.

Според изборниот список во Македонија има околу 1 милион и 800 илјади гласачи поради што 1 процент претставува околу 18 илјади гласачи.

Предходно неделава и анкетата на Маркет Вижн за Мкд.мк покажа значително водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ во водство за 8% пред СДСМ кај определените гласачи

Анкета нарачана од СДСМ пред три недели покажа водство на власта пред опозицијата.

СДСМ: Убедливо победуваме, кога и да има избори