Според досегашните резултати од пописот во Македонија има само 7832 деца.

Оваа бројка се добива ако се споредат бројките на вкупно попишаните и на луѓето со право на глас кои што имаат над 18 години.


Во Македонија според Заводот за статистика досега има 832.696 попишани од кои 1.824.864 со право на глас. Разликата во бројот на малолетниците кои немаат право на глас е само 7832 лица кои се на возраст до 18 години.

Овие бројки се целосно нелогични ако се има предвид дека во Македонија има 2.4 милиони валидни матични броеви а околу 205 илјади луѓе се потпишале во странство.

Според официјалните податоци во земјава има околу 250 илјади ученици во основно и средно образование.

Уште најмалку 100 илјади деца од една до 6 години живеат во Македонија.

Според директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски и премиерот Заев пописот кој заврши вчера е оценет како успешен.