Директорката на Националната агенција, Лидија Димова, која е во фокусот на јавноста по веста за доделените 270.000 евра европски пари на еден фризерски салон, во четвртокот била гостинка во емисијата „Клик Плус на ТВ.21 каде се разговарало токму за – европските пари.
Во дебата со Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ, таа обвини дека за скандалите со европски пари, виновни биле од опозицијата., пренесе ТВ.21.
„Јас немав контола во Агенцијата затоа што таму имаше вмровска матрица внатре којашто одбива да работи, меѓудругото тоа се случува и сега затоа што 2/3 од луѓето се отсутни од Агенцијата. ВМРО-ДПМНЕ е виновна затоа што фалат 2,2 милиони евра“, рече Димова.