Министерството за труд и социјална политика не може да ги базира своите политики врз основа на субјективните пресметки за тоа колку пари се потребни за да се помине месецот смета министерката за труд и социјална Мила Царовска која за Детектор вели дека според „лајкин индикаторите“ на едно семејство со две деца до 14 години и двајца родители месечно му требаат околу 17.000 денари.
„Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речи си до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики“ – Вели Царовска за Детектор.
Ако се поделат 17000 денари на секој член од семејството од четворица на 31 ден секој од нив би имал по околу 137 денари дневно.