СПМ: Софија ги „избугари“ односите со соседна Македонија

Бугарска работа: бескрајни лаги и барања! Се избугарија работите во односите меѓу двете соседни држави, оценува Социјалистичката партија на Македонија.

„Предлогот од Франција (кој всушност е договор-предлог на кабинетите на Ковачевски и Петков), за кој сите зборуваат, го знаат и го прочитале само кај нас официјално го нема.

Не е примен во архивата на МНР за да се запознае и министерот Османи, иако тој точно знае за што се работи.

Предлогот на Франција, зад кој Ковачевски-Петков невешто се затскриваат, е целосно спротивен на интересите на државата Македонија. Бидејќи проблемот не се реши билатерално, тој, со овој предлог станува европски и со тоа ЕУ е сè подалеку за Македонија.

Веројатно ќе се преговара следните 30 – 40 години и ќе се прават обиди да се скрши позицијата на Македонија и Македонците и ќе зависи во сè од Бугарија.

Сè што е апсурдно и се бара од Бугарија во предлогот, акцискиот план и рамката за преговори, Македонија ќе мора да спроведува, иако е надвор од принципите и логиката низ која поминаа државите членки на ЕУ, па и самата Бугарија, се вели меѓу другото во соопштението на Социјалистичката партија објавено на Фејсбук