Наметнувањето од власта на лажната дилема „интеграција кон ЕУ или изолација“, Социјалистичката партија на Македонија го оценува за нереална и провидна дилема која всушност постои внатре во самиот СДС.
Според СПМ, ниту интеграцијата е извесна во сегашна констелација и подделеност во Унијата, ниту пак е можна изолација во глобалниот свет на понуди и можности, пренесе МИА.
