Социјалистичката партија на Македонија реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека процесот за уставни измени само што започнал.
„Веројатно мисли и најавува повторување на чинот на непочитување на народната волја кој исклучува секакво право на слобода на мислењето и делувањето и што може да се цени како негова отворена закана кон опозициските пратеници“ се вели во соопштението од СПМ.
Овие неодмерени, несериозни и непромислени изјави за рушење на ионака многу малку постоечката македонската демократија преставуваат сериозна опасност за крајно политичко дестабилизирање на државата и дополнителна подделба во општеството, но тие претставуваат и реална основа за вклучување за надлежните институции од самиот Ковачевски да добијат одговор што точно тој мислел.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека не постојат притисоци и закани на кои опозициските праетници не се подготвени да им се спротивстават.
Нивната цврста поврзаност со македонскиот народ и поддршката која секојдневно ја добиваат се причина повеќе за политичко војување сè до рушење на ова тиранска, авторитарна и ненародна власт на СДС и ДУИ.