Несериозно срамно убедување за прифаќање на бугарските предлози е изјавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ за „Гласот на Америка“ дека треба да се искористи за промена на Уставот, реагира Социјалистичката партија (СПМ)

предвремени, уставни измени

„…укажуваме на фактот дека уставните измени за нелегитимната власт на СДС и ДУИ претставуваат залог за пролонгирање на нивното владеење.

Манипулациите на Маричиќ дека не е време за политикантство и не е време за избори покажуваат дека тој нема демократски капацитет да се соочи реалносто, но и со народот кој отворено не сака уставни измени туку бара итни избори, се вели во соопштението од СПМ.

„Маричиќ се разобличува како ситен трговец при што ги условува изборите само доколку опозицијата гласа за уставните измени. Нејасно е како овој човек ги води европските интеграции кога нема ништо европско во себе.

Немоќта да ја убеди опозицијата да гласа како што сака тој и премиерот Ковачевски е потврда дека овие двајца, вклучувајќи го и третиот Османи, се случајни патници низ времето и токму тие го користат нивниот животен моментум за лично богатење и работење спротивно на макефонските национални и државни интереси.

За нив, како експоненти на СДС и ДУИ, корупцијата не постои иако се тие водечки во процесите на коруптивно тргување и владеење, а преку судството и обвинителството вршат невидени притисоци и уцени и жесток полотички прогон со неистомислениците.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека времето на ваквите корумпирани и лукративни политичари е изминато и народот со право бара нови избори за нивна замена и за напредок на државата, со што ќе се отворат евопските перспективи на Македонија.