СПМ: Државата и нацијата не смеат да бидат заложници на фрустрациите на премиерот

Премиерот Димитар Ковачевски секојдневно покажува исклучително ниско ниво со неговите неодговорни изјави, а за Социјалистичката партија на Македонија несфатливо е поеднаставувањето на премиерот за членството во ЕУ со условување со одлуката за уставните измени.

„Ова е срамно размислување од Ковачевски, но тој веројатно не е ни свесен за леснотијата со која државата повторно и на овој начин ја става во подредена ситуација. Доколку се во прашање лични фрустрации државата и нацијата во никој случај не смеат да бидат заложници, особено не на неговата инфериорност. Европска иднина на Република Македонија е загрозена од импровизациите, неодговорноста и сервилноста на Ковачевски“ се вели во соопштението на СПМ.

Од оваа партија исклучува секаква можност за било какви сугестии поврзани со било какви уставни измени, кои патем веќе се подготвени од страна на нов член на Уставниот суд избран спротивно на Деловникот и на насилен пат во Собранието на Република Македонија.

Оттаму, таканаречената работна група е најобичен театар на Ковачевски и Владата на ДУИ и второстепената СДС.

Социјалистичката партија на Македонија предупредува на состојбата на дистопија во која државата постепено навлегува со однародената криминална клика на власт и нејзиното владеење со присила, закани и безгранично ограбување на народот и државата.

Во сооштеноето до јавноста, Социјалистичката партија на Македонија предупредува дека државата Македонија преку послушничко-предавничкото владеење на СДС е сериозно загрозена, а единственото решение и запирање на тој процес се вонредните, брзи итни парламентарни избори.