Спикерот најави кривична пријава за пратеник кој во живо јави за срамната седница (ВИДЕО)

Претседателот на парламентот Талат Џафери најави дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски ќе добие кривична пријава за неовластено снимање и објавување на видео од вчерашната собраниска седница, која се одвиваше во тензична атмосфера.

Видеото на Милошоски

Криза пред полноќ: Мораше ли да правиме шоу 15 минути за да дадете збор? (ВИДЕО)

Милошоски објавувајќи го видеото посочи дека нервозата во Собранието е резултат на намерата на парламентарното мнозинство доцна вечер да го изгласа законот за ГА-МА, според кој државата ќе го преземе цел пакет во друшвото за гас, а на содружникот Макпетрол ќе му исплати над 30 милиони евра.

Спикерот Џафери, пак, го предупреди Милошоски дека ќе заработи кривична пријава, бидејќи снима неовластено и без дозвола, додека Милошоски се бранеше дека тоа претставува негово уставно право.

Мала но важна победа на опозицијата во Собранието