Фантастични 36 илјади евра месечно чини платата на еден специјалист ангажиран од Бехтел и Енка согласно договорот за Коридорите 8 и 10 Д кој во координација на Артан Груби го потпиша владата на СДСМ и ДУИ.
Оваа информација вечерва ја објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во емисијата Само Интервју на Канал 5.
Според документот што го објави Николовски таканаречените специјалисти ангажирани од Бехтел и Енка вкупно за 60 месеци
ќе примат околу 2.190.000 евра.
Бројот на специјалисти кои ќе бидат ангажирани не е специфициран во договорот, вели Николовски кој ја повика владата да ги демантира неговите информации со објваување на договорот.
Владата упорно инсистира на тајноста на договорот додека тврди дека во него нема ништо спорно.
Ако Бехтел и Енка ангажираат 50 специјалисти тоа Македонија за 5 години ќе ја чини неверојатни 100 милиони евра.
Видеото со Александар Николовски на овој линк
https://fb.watch/kLkH5CDmwY/?mibextid=Nif5oz