Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, синоќа во гостување на ТВ21 а во врска со македонскиот пасош издаден на контраверзниот украински бизнисмен Олександар Онишченко кој е и на „црната листа“ на САД иузјави дека „пропусти се случуваат, важно е да има одговорност“.
Тој рече дека не сака да прејудицира околу резултатите од внатрешната истрага во АНБ.
„Едно е дисциплинската одговорност… овде треба да се види дали има и некаков друг вид на одговорност. Ако има, и таа треба да се покрене“, додаде Спасовски.
Споредд министерот, и самото лоцирање на одговорноста за случајот „Онишченко“ е „сериозен одговор“.
„Секаде може да се случат одредени пропусти. Прашањето е дали тие пропусти ќе бидат оставени по страна или тие ќе бидат процесуирани.
Овде одговорот е јасен и тоа директорот (Димовски) го соопшти,.дека ги расчистува работиве и се преземаат соодветни мерки,“ рече Спасовски.
Министерот смета дека случајот со доделеното државјанство на контроверзниот Олександр Онишченко нема да ја наруши безбедноста на земјата и рече дека ќе има одговорност за тие што погрешиле.
