Спасовски во „тонч“, кривична пријава од која не може да избега

Инжинерот Марјан Ненов го послушал повикот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и ги пријавил луѓето што се собрале на роденденска журка во државна зграда без да ги почитуваат мерките против Ковид-19.

“Го послушав повикот за кодошење на нашиот драг Министер и пријавив групна прослава во МВР.
Целта ми е да го проверам спроведувањрто на Законот, дали се врши селективно и дали државните органи ќе реагираат професионално или дискриминирачки.

Ќе споредам како обичен човек може да биде казнет за неносење на маска во своето возило, а од друга страна дали КРИВИЧНО прекршување на ЗАКОН од страна на 15 уфирцани господа ќе биде процесуирано од МВР и Јавно Обвинителство.

Доколку имате дополнителни информации за инцидентот Ве молам проследете ги до Јавно Обвинителство и МВР да ги прикачат кон предметот 22.21.62-12 или поднесете своја независна Кривична пријава.

Од вас зависи дали ќе живеете во држава или бљувотина”, пишува инжињерот Ненов во пријавата по која министерот Спасовски мора да реагира.

Ако го спроведе законот ќе мора да ги казни Ахмети, Џафери, Османи, Груби и други 11 лица од врвот на ДУИ.

Ако не ги казни тој ќе изврши удар врз правната држава и ќе испрати порака до граѓаните но и до Брисел дека законите во Македонија селективно се применуваат.

Постот на Ненов

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159305023055139&id=794160138&sfnsn=scwshmo