Спасовски се пофали со граничен премин на ливада што го отворил и пред три години

Ниту објект, ниту, шатор, ниту кабина нема на времениот граничен премин Стрезимир – Рестелица со кој денеска се пофали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За минување на границата меѓу Албанија, Македонија и Косово ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно важечка патна исправа (пасош или лична карта).

“Преминот е значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините ќе ги задоволи потребите во овој период на граѓаните кои живеат на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше, Република Северна Македонија и Општина Драгаш, Република Косово, а ќе ги користат во најголем број жителите на селата Ростуше, Велебрдо и Жировница – од македонска страна, и на селото Рестелица, од косовска страна.

Наше е, како институции, во доменот на своето работење и законски надлежности, постојано да даваме максимум во сервисирањето на потребите на нашите граѓани, да ги детектираме нивните потреби и интереси и во тој поглед да дејствуваме, унапредувајќи ги сервисните капацитети инфраструктурно, технички, нормативно”, објави Спасовски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/261903973987233/posts/1963004003877213/

Пред 3 години во истиот период Спасовски го отворил истиот премин но тогаш од фотографиите може да се види дека таму имало привремени објекти кои сега не се гледаат на сликите што ги објавува Спасовски.

https://www.google.com/amp/s/gostivarpress.mk/spasovski-preku-vremeno-otvoreniot-granichen-premin-strezimir-vo-poseta-na-kosovska-restelitsa/%3famp=1