„Јас го немам видено законот, меѓутоа по самиот наслов, јас сум апсолутно против“, изјавуи синоќа во интервју за „“60 степени“ за предлог-законот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на осудените лица за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.
Според Спасовски, неказнивоста може да предизвика нови проблеми.
„Зошто, поради тоа што сметам дека вие се сеќавате на 2012 година, се сеќавате на 24 декември кога практично од државата не од граѓани, туку од државата преку злоупотреба на полицијата, полициските службеници, беа исфрлени и пратеници и новинари само за да може да се донесе буџетот за задолжување и никој не презема ниту една мерка со која ќе се истражи тој случај, ќе се утврди одговорност, дали е тоа дисциплинска, кривична или политичка одговорност, ако сакате. И тогаш укажував во Собранието дека ако остане состојбата ваква како што е и да имаме неказнивост, дека е можно да ни се случи нов таков проблем и, за жал, ни се случи на 27 април 2017 година кога беше нападнато демократското уставно уредување на Република Северна Македонија“, рече министерот.
На новинарската констатација дека веќе имаше амнестија за дел од учесниците во „крвавиот четврток“, Спасовски рече:
„Има дел амнестирини за тој настан, меѓутоа оние што го извршија тоа кривично дело, оние што го направија упадот и така натаму, и оние што пробаа да убијат пратеници, имаат санкции и мислам дека не треба воопшто да биде доведена во прашање одговорноста на овие лица поради тоа што се поставува прашањето дали сакаме повторно преку амнистија да овозможиме напад на државните институции, дали тоа е парламентот или Владата, дали повторно ќе биде на овој начин пратен сигналот дека некој може да влезе во Собранието и да убие пратеници заради политички цели, за некакви лични цели“.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе предлог-закон за целосна амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година и ги повика пратениците од сите партии да го поддржат предлогот.
