Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тргна по стапките на министерката за одбрана и сопартијка од СДСМ, Радмила Шекеринска, обзнанувајќи епохална придобивка за припадниците на МВР – нови чевли со тенок ѓон?!

„Продолжува континуираното опремување на полицијата.

Деновиве, во магацинот на МВР пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон.
Наскоро се очекува испораката 10.000 пара чевли со дебел ѓон, 10.000 пара полувисоки чевли, на 2330 флуоросцентни елеци, 8000 маици, 8000 виндјакни, 20000 кошули.

Нови униформи пред неколку месеци добија Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а во изминатиот период беа обезбедени пловни објекти и мотоциклистичка опрема за полицијата.

Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираните набавки на униформи и опрема за полициските службеници и во наредниот период“, објави првиот полицаец.