Спасовски: Од понеделник документи со новото име на државата

Од понеделник започнува подготовка на издавање на сите документи на граѓаните новото уставно име и со другите законски податоци, соопшти, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, министерот за внатрешни работи ,Оливер Спасовски.

На прашање од пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе има пасоши и регистарски таблички, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакна дека во ниту еден момент досега нема застој во издавањето на патни исправи, лични карти, возачки дозволи или било каков друг документ во државата.

Според министерот, во мај биле издадени 31.500 патни исправи, 22.552 лични карти и 10.663 возачи дозволи и дека во јуни побарувањето значително се зголемува и само во перидот од 20 до 30 јуни, има 31.500 повици и дадени темрини за лични карти.

Спасовски рече дека застој имало само за дипломатските пасоши, но дека тоа не е проблем на граѓаните.

Министерот објасни дека во моментов се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник ќе стартува издавањето на сите лични документи.