Спасовски: Не треба да бидам дел од новиот тим на Ковачевски во СДСМ

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека новиот лидер на владејачката партија треба да си избере тим со нови луѓе и оти тој не треба да биде дел од него.

„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, изјави Спасовски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.