Спасовски не се чувствува повикан за бегството на Груевски

Најдобро е пропустот за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски да го утврди обвинителството и да покрене постапка,  вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека е разочаран што и по една година по бегството на Груевски, се уште нема извештај од институциите за тоа како тој избегл.

„ Јас не се чувствувам воопшто повикан затоа што начинот на кој се случи тоа го покажува точно пропустот, но најдобро е тој пропуст да го утврди Обвинителството и да покрене постапка во однос на секој настан кој ќе ни се случува затоа што ако немаме покренување постапки, ако немаме казнивост тогаш може да ни се повторуваат овие дела“..

Спасовски дополни дека извештајот од внатрешната контрола во МВР за бегството на Груевски е предаден веднаш во Јавното обвинителство и оти на јавноста ќе и бидат соопштени информации кога ќе биде затворена истрагата.