Спасовски не демантира дека може да биде сменет од министер, одлуката треба да ја соопшти Ковачевски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја префрли топката за неговото разрешување кај Ковачевски – тој молчи, молчи и Филип Николовски Уранија.

Еден ден откако Радио Лидер објави дека премиерот Димитар Ковачевски има намера да го разреши министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски и на неговото место да го постави Филип Николовски – Уранија, молк во СДСМ.

Радио Лидер поставило прашања до тројцата актери, но одговорил само Спасовски.

,,Во однос на прашањата најдобар одговор може да даде премиерот Ковачевски во чија надлежност е да предлага избор и разрешување на министри. Со мене никој не разговарал на таа тема. Доколку се отвори дебата тоа ќе биде во органите на партијата и во парламентот, поздрав и убави празници”, изјавил за Радио Лидер Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на информациите кои вчера биле посочени од извор од раководството на СДСМ.

Изворот на радиото вчера информирал за огромен судир кој се случува во СДСМ. Имено, според неговите тврдења, премиерот Димитар Ковачевски, под менторството на генсекот на СДСМ Миле Зечевиќ, сака да го разреши Спасовски и на негово место да го постави познатиот скопски угостител Филип Николовски Уранија.

Откако Спасовски одговорот го пренасочил кон Ковачевски, бил контактиран премиерот, кој во текот на целиот ден не одговорил на СМС пораките во кои е прашан дали сака да го разреши Спасовски и на неговото место да го постави Николовски?

За ова, според информациите на Лидер, има огромно негодување од страна на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Молкот на премиерот, но и на владејачката СДС која изненадувачки молчи на тврдењата од медиумите, отвора сомнеж дека високо позиционираниот извор на Лидер е во право кога вели дека таму навистина владее вистински хаос.

Освен Ковачевски, цел ден молчи и Николовски, кој одбил да одговори на пашањето дали ќе прифати да биде прв човек на МВР? Тоа што актуелниот заменик министер за финансии одбива да одговори, отвора сомнеж дека се спрема да му го земе местото на Спасовски.

Како што дознава Лидер, во наредните денови се очекува расчистување на оваа ситуација, токму онакво какво што навестил Оливер Спасовски во одговорот, „преку органите на партијата“. Имено, се очекува на следниот состанок на Централниот Одбор на СДСМ да се случи вистинска бура поврзана со ова прашање, објавува радиото.

Извор

Што беше објавено вчера за пресметките во СДСМ за местото министер за внатрешни работи

Лидер: Се вжештуваат страстите во СДСМ, битка за клучна функција во власта