Спасовски: Дојави за бомби последните денови се испратени од Русија и Иран

Мминистерот за внатрешни работи открива дека е пронајдено од каде пристигнуваат дел од дојавите за бомби во училиштата но и во други институции во земјава:

„Интензивно се работи на откривање на сторителите. Неколку случаи беа разрешени. Сега имаме една изолирана група и се работи на случајот. Не станува збор за закани кои се случуваат само во нашата земја туку со истото се соочуваат и земјите од регионот.

Во последните денови мејловите се испратени од адреси во Иран и Русија, а уплатите на ВПН услугите се со криптовалути што го отежнува пронаоѓањето“, изјави министерот Оливер Спасовски утрово во гостување на ТВ 24.

Спасовски вели дека во еден дел станува збор за алгоритам и тоа се оние напади кои стасуваат од надвор.

Дојавите од Македонија главно се од малолетници, но за тоа нема сега да се споделуваат информации со јавноста.